ПСЖ рутински го совлада Лориен и продолжи да чекори кон нова титула! (ВИДЕО)

Фудбалерите на ПСЖ стигнаа до нова победа во француската Лига 1, откако на домашен терен го совладаа Лориен со 2-0 во натпреварот од 12. коло.

Избраниците на Луис Енрике ја презедоа иницијативата уште од почетокот и создадоа неколку добри можности, но отпорот на гостите успеаја да го скршат во 32. минута преку Сени Мајулу.

Во продолжението ПСЖ продолжи да напаѓа, а прашањето околу победникот беше решено во 67. Минута кога Осман Дембеле ја затресе мрежата на Лориен за конечни 2-0.

Фото: Facebook/PSG - Paris Saint-Germain