Шок во Мадрид: Алавес го сруши Реал на „Бернабеу“ (ВИДЕО)

Алавес направи големо изненадување во 14. коло од Ла Лига, откако славеше со 2-1 против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.

Гостите ја искористија првата голема грешка на домаќините и во 22. минута стигнаа до водство преку Тони Мартинез.

Реал се обидуваше да се врати во натпреварот, но Алавес во 61. минута преку зголеми на 2-0.

Килијан Мбапе ја врати надежта кај домаќините во 69. минута, кога со прецизен удар намали на 1-2.

„Кралевите“ се обидуваа да стигнат до втор погодок, но не успеаја, а притоа Џуд Белингам беше исклучен поради втор жолт картон во финишот поради симулирање.

Фото: Facebook/Deportivo Alavés