Битола разочарана од охридските навивачи: „Рибари“ оставија пустош во „Боро Чурлевски“ (ФОТО)

Дербито меѓу Пелистер и Охрид што се одигра синоќа во Битола предизвика голем интерес на љубителите на ракометот во земјава, а трибините на салата „Боро Чурлевски“ очекувано беа исполнети до последно место.

Како што беше најавено, во Битола отпатуваа и околу 250 навивачи на гостинскиот тим кои му дадоа поддршка на Охрид и малку недостасуваше заедно да слават на гостински терен. Сепак, битолчани по натпреварот го истакнаа своето разочарување од однесувањето на „Рибари“ кои направија голема материјална штета во „Боро Чурлевски“.

Искршени биле повеќе столчиња на делот од салата каде беа сместени гостинските навивачи за што веројатно Ракометниот клуб Охрид ќе мора да плати отштета.