Втор триумф за фудбалерките до 19 години, против Србија ќе играме за прво место!
Вториот натпревар за нашата селекција на квалификацискиот турнир во Србија беше решен во првиот половина час од средбата кога беа постигнати двата погодоци.
Прво Калина Попески го отвори резултатот по 11 минути игра, а во 31-та минута фудбалерката од одбраната на Азербејџан Вајсман си постигна автогол. До крајот избраничките на Кирил Изов создадоа и уште неколку добри прилики, меѓутоа резултатот не се промени.
Со овој триумф Македонија и по победата од 7-3 против Црна Гора на стартот остана во игра за првото место во групата. Последниот натпревар го играме на 2 декември против домаќинот Србија која исто така победи во првото коло со Азербејџан, а денеска игра против Црна Гора.