Удинезе конечно дочека победа во Серија А (ВИДЕО)
Удинезе неодамна направи и тренерска смена. Коста Руњаиќ си замина, а на негово место пристигна Паоло Занети, кој денеска ја забележа првата победа благодарение на голот на словенечкиот играч за врска Санди Ловриќ.
Единствениот погодок на натпреварот падна уште во осмата минута. Николо Заниоло одлично продре по десната страна, а потоа му ја сервираше топката на Ловриќ, кој шутираше силно. Топката најпрво ја погоди пречката, потоа и стативата, пред да заврши во мрежата на „виолетовите“.
До крајот на натпреварот домаќините беа поблиску до втор гол отколку Фиорентина до израмнување, па трите бода конечно останаа во Удине.
Со оваа победа Удинезе избега од зоната за испаѓање и сега се наоѓа на 17. место со девет бода, исто колку што има и Фиорентина, која е една позиција погоре.