Каков Лаутаро: Турам голот го посветил на Лусија од ГТА 6 (ФОТО)
Напаѓачот на „нероаѕурите“ двапати ја затресе противничката мрежа, во 40. и 54. минута, потврдувајќи ја одличната голгетерска форма.
Сепак, покрај неговиот настап, во центарот на вниманието се најде и прославата на вториот гол. По погодокот, Турам се сврте кон камерите и со прстите јасно го покажа буквата „Л“. Навивачите на Интер првично помислија дека станува збор за некаква интерна шега или посвета на неговиот партнер во нападот и капитен на тимот, Лаутаро Мартинез.

Но, вистинското значење на гестот беше откриено по последниот судиски свиреж, кога Турам се огласи на својот официјален профил на Инстаграм. Французинот објави фотографија од прославата со кратка, но јасна порака: „Лусија“, придружена со емотикон срце.
Притоа ги означи и познатото студио „Рокстар гејмс“, како и фан-страница посветена на Лусија Каминос, главната женска протагонистка во долгоочекуваниот гејминг хит „ГТА 6“