Вердер по неверојатна драма се спаси од пораз против Менхенгладбах (ВИДЕО)

Фудбалерите на Вердер Бремен и Борусија Менхенгладбах одиграа неверојатен натпревар во 11. коло од Бундеслигата, кој заврши без победник (3-3).

Менхенгладбах поведе во 27. минута, кога Кевин Дикс беше прецизен од белата точка. Вердер возврати преку Ерен Динкчи, кој во 38. минута погоди за 1-1.

Веднаш по почетокот на второто полувреме, Франк Онора погоди за ново водство на гостите, а истиот фудбалер во 78. минута зголеми на 3-1. Се чинеше дека Борусија конечно ќе стигне до победа, но Вердер не се предаде.

Динкчи во 85. минута намали на 2-3 и ја врати неизвесноста, а кога се очекуваше последниот судиски свиреж, на сцена стапи Никлас Филкруг.

Фото: Facebook/SV Werder Bremen