Потврден е спектаклот: Фјури доби дозвола да се бори против Џошуа!
Британскиот боксерски одбор за контрола потврди дека нема пречки за неговиот настап. Одлуката доаѓа по бурните реакции предизвикани од изјавите на неговата сопруга Парис во новиот документарец на „Нетфликс“, во кој таа спомна дека Фјури има шизофренија.
Со ова се отстранети сомнежите околу неговата лиценца, а големиот дуел со Џошуа останува на програмата за 11 декември во Кардиф.