Марсеј се соочува со казна од УЕФА по хаосот со навивачите на Левски! (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Олимпик Марсеј и Левски Софија беше одбележан со брутална тепачка на трибините, кога француските навивачи ги нападнаа гостите од Бугарија.

Хулиганите на Марсеј се упатија кон секторот каде што беа сместени бугарските навивачи и ги претепаа, додека полицијата реагираше доцна за да спречи хаос.

Инцидентот предизвика и политички реакции, а Европската куќа на фудбалот (УЕФА) официјално почна истрага за случајот, па веќе му се закануваат казни на Марсеј.

Марсеј би можел да се соочи со затворање на дел од трибините или играње натпревари без публика, но конечната казна сè уште не е донесена.