Јунајтед ја активираше клаузулата на Фернандеш, но тој и понатаму може да замине!

Англискиот гигант Манчестер Јунајтед направи важен потег околу иднината на својот капитен Бруно Фернандеш, но тоа не значи дека Португалецот сигурно ќе остане на „Олд Трафорд“.

Клубот ја активираше клаузулата за продолжување на неговиот договор за уште една година, со што го врза до летото 2028 година, а притоа се заштити од можноста искусниот фудбалер да замине бесплатно наредното лето.

Фернандеш претходно одби две понуди за продолжување на договорот со „црвените ѓаволи“, затоа што не е задоволен со резултатите кои ги остварува премиерлигашот оваа сезона.

Интерес за португалскиот репрезентативец постои од неколку европски тимови, но и од Саудиска Арабија.

Фото: Facebook/Manchester United