Новинари го прашаа Риера за Гаштаров, Шпанецот побудале (ВИДЕО)

Тренерот на Црвена Звезда, Алберт Риера тотално ги загуби нервите на прес-конференцијата по натпреварот со белгискиот противник Гент и влезе во остра дискусија со новинарите поради прашањата за неговите тактички одлуки.

Прво беше прашан зошто Михаило Ристиќ го напуштил теренот уште во 24. минута, на што словенечкиот стратег објасни дека станувало збор за тактичка измена. Но, тоа не беше единствената тема што го изнервира.

Следуваше прашање дали можел порано да го постави Матеј Гаштаров поблиску до противничкиот гол, односно да му додели поофанзивна улога. Тогаш Риера ја загуби трпеливоста и испрати директна порака до присутните новинари.

„Можете да бидете тренери ако не ви се допаѓаат моите одлуки. Сите сте тренери и можете да зборувате. Немаме играчи за тоа. Кој ни е десен бек? Ајде да разговараме за тоа колку добро игравме и колку шанси создадовме“, порача Риера.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sportske.net (@sportskenet)

Шпанецот смета дека неговиот тим одиграл фантастичен натпревар, а особено го потенцираше начинот на кој успеал да го натера противникот да се брани, иако станува збор за екипа која неодамна беше лидер во Белгија.

„Одигравме фантастичен натпревар, ги провоциравме, сигурен сум дека и белгиските новинари ќе се согласат со тоа. Бевме доминантни. А сега првите две прашања се зошто заменив еден играч, а потоа зошто друг поставив на бековската позиција. Следното прашање!“, додаде тренерот.

Риера очигледно очекуваше повеќе признание за играта на својот тим, наместо прес-конференцијата да се претвори во дебата за неговите измени и тактички решенија.