Покетино реконструкцијата ја почнува од одбраната - веќе е позната првата мета!
По само два натпревари на клупата на англискиот гигант, Аргентинецот веќе сфатил дека во јануари ќе мора да направи сериозни промени во играчкиот кадар.
Јасно е дека нема да биде лесно да се состават сите коцки во текот на сезоната, но Покетино ќе се обиде да спроведе одредена реконструкција со цел што побрзо да го извлече тимот од кризата.
Според англиските медиуми, неговиот прв приоритет ќе биде освежување на одбранбената линија, а една од главните трансфер-мети е капитенот на Брентфорд, Нејтан Колинс.
Сепак, Колинс не е единственото име на списокот на желби на „црвените ѓаволи“. Јунајтед и понатаму е заинтересиран за Џеред Брантвејт од Евертон, Мики ван де Вен од Тотнем, како и Калвин Баси од Фулам.
Воедно, се наведува дека новиот стручен штаб нема целосна доверба во Лисандро Мартинез, Хари Мегваер и Матајс де Лихт.
Не се очекува сите тројца да го напуштат клубот, но постои можност еден од нив уште во јануарскиот преоден рок да си замине од „Олд Трафорд“.