Берокал: Денеска правевме многу грешки, но ќе имаме уште две шанси во февруари
Според селекторот Берокал е свесен дека Македонија денеска не беше на потребното ниво и порача дека треба да научиме од овој пораз.
„Натпреварот не почна онака како што очекувавме, четвртитѕе беа ирамнети, а во последните десет минути прикажавме поинаква игра. Имавме многу грешки, промашуваме и сега останува да научиме од овој пораз и да останеме заедно. Резултатот не е онаков како што посакувавме и останува во февруари кога ќе имаме уште две шанси да ја завршиме работата.
Истакна Беркола и дека ниту еден противник не смее да се потцени, како и да се почитуваат правилата на кошарката.
„Сите репрезентаци и правилата на кошарката мора да се почитуваат, ние денеска тоа не го правевме, не игравме со извлекување топка надвор, губевме, топки, немавме проток...Кипар беше одличен, тажен сум и ќе размислам за следнмиот прозорец и натпреварите кои следат. Разбирам да се промашуваат шутеви, но има други работи кои се во твои раце и не ги контролираш, таквите ситуации за мене не се разбирливи. Можеби денеска клучот беше шутот за три поени, како и да е сега готово.
Остануваме оптимисти за дуелите што следат, не размислувам за оставка, немам таков пристап во животот