Кимих удри по управата на Баерн поради Мусијала: Клубот не е поважен од човекот!
Кимих не го криеше незадоволството од јавните коментари на челници на клубот, кои кажаа дека Мусијала нема да се врати на потребното ниво и неговата плата е удар за буџетот на германскиот гигант.
„Тоа што не го разбирам е начинот на кој сето ова се комуницира во јавноста. Никогаш не смее да се случи целиот товар да биде ставен врз еден играч. Клубот секако е најважен и е поголем од фудбалерот, но не е поголем од човекот. Тоа е апсолутно недозволиво и не е во стилот на Баерн“, кажа Кимих.