Милан нуди 70 милиони евра за Ендрик, но Реал Мадрид не попушта!
„Росонерите“ сериозно ја разгледуваат можноста за ангажман на 20-годишниот Бразилец во зимскиот преоден рок, а подготвени се да понудат 60 милиони евра фиксна сума и дополнителни 10 милиони преку бонуси.
Сепак, Реал Мадрид не сака лесно да се откаже од играчот во кој вложи значителни средства и од кого очекува многу во иднина.
„Кралевите“ сакаат да вметнат откупна клаузула од 85 милиони евра, доколку во иднина се решат да го откупат од Милан, но засега ништо не е решено и преговорите продолжуваат.
Фото: Facebook/Real Madrid C.F.