Барселона остана без важен фудбалер за дербито против Атлетико!
Дисциплинската комисија на Шпанската фудбалска федерација ја одби жалбата на Барселона и му изрече казна на 23-годишниот шпански фудбалер.
Тоа значи дека тренерот на Барселона, Ханси Флик нема да може да смета на него за натпреварите против Депортиво Ла Коруња и Атлетико Мадрид.
Лопез оваа сезона одигра 17 меча за Барселона, а притоа постигна девет гола и седум асистенции.
Фото: Facebook/FC Barcelona