Судот пресуди: Стерлинг ја доби казната за сообраќајката со своето „Ламбургини“

Поранешниот англиски репрезентативец Рахим Стерлинг ja дозна казната за инцидентот кој го предизвика со своето „Ламбургини“ во мај оваа година. 

Стерлинг доби условна затворска казна во траење од 12 месеци, откако беше прогласен за виновен за опасно возење и поседување азотен оксид.

Претходно фудбалерот пред судот ја призна вината и соработувал со полицијата, па тоа судот го земал како олеснителни околности во изрекувањето на казната.

Во кариерата Стерлинг играше за англиски гиганти како Челси, Манчестер сити и Ливерпул, a последниот ангажман го имаше во Феенорд каде што не се прослави.