Јончевски „раскина“ со Влазними, на негово место доаѓа уште еден Македонец!
Искусниот стратег пред почетокот на сезоната седна на клупата на тимот од Ѓаковица, каде што не успеа да извади максимум од релативно скромниот состав што му беше на располагање. Тој го предводеше Влазними на девет средби во кои оствари две победи. Јончевски е поранешен шампионски тренер со МЗТ Скопје, кој работеше уште и во Кожув и Гостувар, додека надвор од Македонија предводеше екипи од Србија, Косово, Полска и Унгарија.
Неговото место на клупата на Влазними ќе го пополни уште еден македонски тренер и тоа доскорешниот помошник Никола Божиновски, кој беше тренер на некогашниот прволигаш Академија ФМП, а минатата сезона работеше во Азербејџан.