Мароко не се предава: Ќе ја оспори одлуката со која Сенегал ја врати титулата!
Мароко не ја прифаќа одлуката и соопшти дека ќе ги искористи сите достапни правни механизми за да ја оспори одлуката на Судот за спортска арбитража.
Во соопштението на Мароко се изразени сомневања за контакт меѓу германскиот арбитар Улрих Хас и претседателот на Сенегалската федерација, Абдулаје Фал, во периодот пред објавувањето на пресудата. Двете страни ги негираат наводите за недозволена комуникација.
Контроверзното финале беше одиграно на 18 јануари, кога Сенегалците во знак на протест по досудениот пенал за Мароко привремено го напуштија теренот. По враќањето, натпреварот продолжи, а Сенегал победи со 1-0.