Модриќ се повреди и пропушта неколку важни натпревари на Милан!

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ се здоби со повреда поради која најмалку 10 дена ќе бидат надвор од терените, а Милан нема да може да смета на неговите услуги во важни натпревари.

Медицинските прегледи покажале дека Хрватот има истегнување на мускулот во предниот дел од десната натколеница.

Модриќ ќе ги пропушти натпреварите против Олимпијакос и Каљари, кои се играат до крајот на ноември, а Хрватот најверојатно нема да биде достапен ниту за дуелите против Парма, Сандерленд и Наполи.

Хрватскиот фудбалер оваа сезона настапи на 14 меча за „росонерите“, а притоа запиша две асистенции.

Фото: Facebook/AC Milan