Барселона испрати скаути во Италија: Флик сака да купи гол-машина!

Европските гиганти покажаа голем интерес за фудбалерот на Монца, Густаво Варела кој ја воодушеви Италија со неговите настапи, а Барселона веќе ги направила првите чекори.

„Скај Италија“ пишува каталонскиот гигант испратил скаути да го следат одличниот голгетер, кој оваа сезона постигна 11 гола на 11 натпревари во Серија А.

Монца во моментов бара околу 25-30 милиони евра за услугите на фантастичниот напаѓач, а Барселона наводно е расположена да ја исплати сумата.

Варела претходно играше за бенфика и Жил Висенте во Португалија.

Фото: Facebook/FC Barcelona