Покетино доби „зелено светло“: Јунајтед ќе купи квалитетен напаѓач и ново крило!

Манчестер Јунајтед подготвува нови промени во играчкиот состав, а јануарскиот преоден рок би можел да донесе неколку звучни имиња на „Олд Трафорд“.

Маурисио Покетино добил „зелено светло“ да ангажира нов напаѓач, затоа што Бенјамин Шешко е надвор од терените поради повреда, а Џошуа Зиркзе не ги исполни очекувањата.

Едно од имињата кое се поврзува со „црвените ѓаволи“ е Иван Тони, кој е главна желба на Покетино. Англискиот напаѓач моментално настапува за Ал-Ахли во Саудиска Арабија, но бил расположен да се врати на Островот.

„Ѓаволите“ би можеле да се засилат и на крилната позиција, а меѓу желбите на Покетино е Франциско Консеисао.

Фото: Facebook/Manchester United