Алкараз во голем стил го реши Зверев и го освои Торино (ВИДЕО)
Шпанскиот тенисер одигра фантастичен меч и целосно го надигра Германецот, кој немаше вистински одговор за расположената игра на противникот.
Алкараз уште во првиот сет покажа дека е решен да стигне до трофејот. Направи дури три брејка, додека Зверев успеа само еднаш да му го одземе сервисот, па Шпанецот го доби сетот со убедливи 6-2.
Во вториот сет Германецот се обиде да пружи посилен отпор, но Алкараз продолжи да ја контролира играта. Направи нов брејк и поведе со 4-2.
Сепак, Зверев не се предаде и со два одлични гема успеа да го врати загубениот сервис. Потоа поведе со 5-4, а во десеттиот гем имаше и 0-30 на сервис на Алкараз. Шпанецот покажа карактер, се врати во игра и израмни на 5-5.
Двајцата тенисери ги освоија и следните два гема на свој сервис, па победникот мораше да биде решен во тај-брејк. Таму Алкараз беше посигурен и стигна до голема победа и трофејот во Торино.
За Шпанецот ова е особено значаен успех бидејќи за првпат во кариерата го освојува Завршниот мастерс, турнир на кој учествуваат најдобрите тенисери во светот.