Пелистер го нокаутира Куманово и им се врати на победите во лигата!
Битолчани доминираа во првото полувреме, кое им припадна со 45-33, додека во вториот дел ја чуваа предноста сè до конечни 85-72.
Најефикасен во победничкиот тим беше Вилсон со 16 поени, додека Фундиќ запиша 18 поени за Куманово.
Пелистер по осум одиграни меча е на седмата позиција и има 11 бодови, додека Куманово е втор со еден поен повеќе.
Фото: Facebook/КК Пелистер Битола