Лидс му одржа лекција на Челси среде Лондон! (ВИДЕО)

Лидс Јунајтед приреди изненадување во Премиер лигата, откако на гостувањето во Лондон го декласираше Челси со убедливи 4-1. Гостите одиграа одличен натпревар и со триумфот успеаја да го прескокнат лондонскиот клуб на табелата.

Челси прв стигна до предност преку Емануел Емега, кој во 25. минута го постигна својот прв гол како стартер за „сините“. Сепак, радоста на домаќините траеше само три минути, бидејќи Ноа Окафор ја искористи лошата реакција на одбраната и со прецизен удар израмни на 1-1.

Лидс беше поопасниот тим и во продолжението од првиот дел, а имаше и поништен погодок во судиското продолжение поради офсајд. Целосниот пресврт се случи на стартот од второто полувреме, кога по играње со рака на Морган Роџерс беше досуден пенал. Доминик Калверт-Луин во 53. минута беше сигурен од белата точка за водство од 2-1.

Само пет минути подоцна, Окафор повторно ја затресе мрежата на Челси и со својот втор погодок ја зголеми предноста на гостите. Конечните 4-1 ги постави Бренден Аронсон во судиското продолжение, за големо славје на гостинскиот тим.

Останати резултати:

Астон вила – Сандерленд 0-0

Борнмут – Нотингем 2-0

Ковентри – Кристал палас 3-2

Тотнем – Ипсвич 2-0