Гатузо стана хит: Новинари го прашаа за ГТА 6, а тој немаше поим што зборуваат!
Тренерот на Лацио ги насмеа присутните новинари пред саботниот натпревар против Лече во 12. коло од Серија А. Гатузо беше прашан дали стравува дека неговите фудбалери ќе остануваат будни до доцна во ноќта играјќи ГТА 6.
Причина за ова прашање беше изјавата на играчот од средниот ред Фисајо Деле-Баширу, кој за клупските канали откри дека веќе ја презел играта, а себеси и Нуно Тавареш ги посочи како најголеми љубители на видеоигри во соблекувалната.
„Ако Деле-Баширу сака да игра на Плејстејшн, тоа е негова работа. Немам поим за што зборувате ниту каква е таа игра. Не се грижам за такви работи. Тоа е прашање на професионализам и љубов кон работата што ја вршиш“, одговори Гатузо.
Но, потоа следуваше уште поинтересниот дел од разговорот.
„Никогаш не би си дозволил да одам од играч до играч и да ги прашувам дали играле ГТА или кога си легнале. Како се вика? ГТА? Дали тоа е некој автомобил?“, праша италијанскиот стратег.
Откако новинарите му објаснија за што станува збор, Гатузо продолжи:
„Утре наутро во девет часот имаме заеднички појадок. Добро ќе обрнам внимание и ќе видам дали некој останал буден до доцна“, порача Гатузо.