Скапо ќе го плати инцидентот: Ефремовски ја доби втората најголема казна во македонската кошарка!

Виктор Ефремовски, капитенот на Работнички заработи казна за натпреварот против МЗТ Скопје според која ќе треба да плати 200.000 денари и тоа е една од највисоките парични казни во историјата на македонската кошарка.  

Казната Ефремовски ја доби поради судир со Тадија Тадиќ од противничкиот табор, инцидентот бил забележан и пријавен од службените лица кои поднеле пријава до КФМ.

Федерацијата по разгледувањето на случајот му изрече парична казна на Ефремовски во висина од 200.000 денари за удирање противнички играч. Поголема парична казна во историјата на македонската кошарка добил само поранешниот директор на МЗТ Скопје, Тони Грнчаров кој во времето на Перо Антиќ беше казнет со 300.000 денари. 

Ефремовски не е единствен кој беше казнет, санкционирани се и клубовите, па шампионот ќе мора да плати 40.000 денари поради „фрлање тврди предмети на теренот и неспортско навивање“, а Работнички 10.000 денари поради „неспортско навивање“.