Светскиот првак против Франција, Англија доби шанса за одмазда против Норвешка!
Во дербито на оваа фаза, актуелниот европски и светски шампион Шпанија ќе ги одмери силите со селекцијата на Франција. Огромно внимание привлекува и пресметката меѓу Норвешка и Англија, која ќе претставува реприза од четвртфиналето на последниот Мундијал.
Ништо помалку неизвесно нема да биде ниту во преостанатите два дуела – Португалија во новата ера без Кристијано Роналдо ќе се судри со Холандија, додека Белгија и Германија ќе одиграат атрактивно соседско дерби.
Четвртфиналните двомечи ќе се одиграат во март 2027 година, по што ќе бидат познати четирите селекции кои ќе обезбедат пласман во завршницата. Финалниот турнир во Лигата на нации е предвиден да се одржи од 9 до 13 јуни 2027 година, кога ќе биде крунисан новиот шампион на ова натпреварување.
ЧЕТВРТФИНАЛНИ ДВОЈКИ:
Шпанија – Франција
Норвешка – Англија
Холандија – Португалија
Белгија – Германија