Моќен дабл-дабл во Евролигата на македонскиот репрезентативец пред дуелот со Кипар
Рајт доминираше под обрачите и средбата ја заврши со импресивни 22 поена и 11 скока, со што комплетираше дабл-дабл ефект. За нешто помалку од 29 минути на паркетот, тој шутираше 7/10 од поле и 8/9 од линијата за слободни фрлања, а запиша и две асистенции.
Неговиот настап беше особено значаен во дуелот со актуелниот европски шампион, против кого Милано успеа да стигне до вториот триумф во низа во Евролигата. Рајт беше вистинска сила во рекетот и постојано создаваше проблеми за противничката одбрана.
Одличната партија доаѓа во вистински момент, непосредно пред обврските на македонската репрезентација. Македонија на 26 ноември го пречекува Кипар во квалификациите за Евробаскет 2029, а формата на Рајт е одлична вест за селекторот Жосеп Марија Берокал.
РЕЗУЛТАТИ
Макаби - Дубаи 74-80
Жалгирис - Панатинаикос 72-87
Баерн - Басконија 100-81
Олимпија Милано - Фенербахче 78-70
Париз - Хапоел 97-96
Валенсија - Виртус 77-82