Мекгрегор им даде слободен ден на 400 вработени за да играат „ГТА 6“!

Поранешниот УФЦ-шампион Конор Мекгрегор реши да ги израдува вработените во своите компании на необичен начин. Ирецот соопшти дека им дал слободен ден за да може да уживаат во видео играта „ГТА 6“.

Мекгрегор, кој има неколку бизниси, ја соопшти информацијата на социјалните мрежи и пријатно ги изненади своите вработени.

„Во чест на ГТА, го известувам целиот тим, 400 луѓе во различни држави и континенти, дека утре имаат слободен ден. Уживајте во играта“, напиша Мекгрегор.