Партизан загуби дома од Валенсија, Звезда со пораз се враќа од Италија (ВИДЕО)
Партизан не ја искористи предноста на домашниот терен и претрпе пораз по двете претходни победи во белградската „Арена“. Валенсија одигра одлично во последниот период, кој го доби со 24-13, и на тој начин го скрши отпорот на домаќинот.
Карлик Џонс беше убедливо најрасположен кај Партизан со 21 поен, но немаше доволна поддршка од соиграчите. На спротивната страна, Тејлор и Брукс завршија со по 15 поени. Валенсија со девет победи и три порази се искачи на делба на првото место со Олимпијакос, додека Партизан има биланс од шест победи и шест порази.
Црвена звезда, пак, не најде решение за Олимпија Милано, која со победата од 91-77 ја запиша втората сезонска победа и го напушти последното место на табелата. За белградскиот тим ова беше петти пораз во досегашниот тек од натпреварувањето. Картер со 21 поен беше најефикасен кај гостите, додека Болмаро постигна 15 поени за италијанскиот состав. На дното на табелата сега се наоѓа Басконија.
На останатите средби, Фенербахче приреди вистинска кошаркарска лекција и го совлада Асвел со убедливи 115-81. Најнеизвесно беше во дуелот меѓу Жалгирис и Баерн, во кој литванскиот тим славеше со 117-114 по дополнителни пет минути игра. Хапоел Тел Авив, пак, ја оправда фаворитската улога против Басконија и победи со 85-82, оставајќи го шпанскиот тим со само еден триумф во досегашните 12 кола.