Уште една голема трагедија во мак-фудбалот: Ненадејно почина поранешниот репрезентативец Владимир Секулоски!
Роден во Тетово на 7 октомври 1980 година, Секуловски најголемиот дел од својата играчка кариера го помина во македонскиот фудбал. Неговиот пат го водеше низ неколку различни средини, а меѓу клубовите за кои настапуваше се Слога Југомагнат, Вардар, Работнички и Тетекс. Беше дел и од Македонија Ѓорче Петров и Осогово, додека надвор од границите на Македонија играше за албанскиот Шкумбини.
Во текот на кариерата имаше можност да биде дел од екипи кои се бореа за највисоките дострели во македонскиот фудбал, а зад себе остави и настапи во македонската репрезентација. Неговото име останува поврзано со клубовите во кои настапуваше и со генерациите фудбалери со кои го делеше теренот.
Смртта на Секуловски доаѓа во период во кој тетовската фудбалска средина се соочува со уште една голема загуба, по неодамнешната трагична вест за Агрон Мемеди, досегашниот помошен тренер во Шкендија.