Бутел со гол на четири секунди пред крајот го урна вториот тим на Пелистер

Ракометарите на Бутел триумфираа со 27-26 против Пелистер 2 и стигнаа до втората победа во македонската Суперлига.

Вториот тим на Пелистер ја контролираше играта на стартот сè до 8-4, по што скопскиот тим почна да се буди и да ја намалува негативата за на крајот на првиот дел да стигне до 12-12.

Бутел направи целосен пресврт во вториот дел (16-15), но Пелистер набрзо го возврати ударот, по што гледаме возбудлива игра до самата завршница, каде што домаќините триумфираа со 27-26, откако постигнаа гол на четири секунди пред звукот на сирената.

Најефикасен во екипата на Бутел беше Лука Јовиќ со 11 голови, додека Давид Димевски запиша 11 погодоци за Пелистер 2.