Шок на „Ла Бомбонера“: Аргентина ужасно ја почна ерата без Меси (ВИДЕО)
Актуелниот светски шампион не успеа да ја израдува домашната публика, во натпревар во кој сите најважни моменти и резултатски промени се случија во второто полувреме. По релативно мирниот прв дел, гостите од Уругвај фуриозно го започнаа продолжението и за само пет минути стигнаа до огромна предност. Резултатот беше отворен во 48. минута кога Леонардо Балерди лошо интервенираше и си постигна автогол за водство на противникот. Предноста на Уругвајците беше удвоена веќе во 53. минута, кога по одлично изведен удар од аголот, Максимилијано Араухо најдобро се снајде во казнениот простор и зголеми на 2-0.
По овој шокантен старт на второто полувреме, избраниците на селекторот Лионел Скалони презедоа иницијатива во обид да се вратат во игра и да го избегнат поразот. Надежта за „гаучосите“ ја врати Хулијан Алварез, кој во 73. минута одлично реализираше по асистенцијата на Џанлука Престијани и намали на 1-2. Сепак, до крајот на средбата аргентинските фудбалери не успеаја да направат целосен пресврт и да стигнат барем до реми.
Следниот предизвик и можност за поправање на впечатокот за Аргентина ќе биде на 18 ноември, за кога е закажан новиот контролен тест против селекцијата на Костарика.