Блатер со остри критики: Инфантино е диктатор, треба да посети психијатар!

Поранешниот претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Сеп Блатер, упати остри критики кон актуелниот прв човек на светскиот фудбал, Џани Инфантино.

Во интервју за германскиот магазин „Шпигел“, Блатер кажа дека Инфантино е диктатор и ја концентрирал моќта во свои раце и околу него се создава атмосфера во која никој не смее да му се спротивстави.

„Тој е диктатор. Луѓето во ФИФА ми велат дека никој не смее да се вози во лифтот со него. Тој е недопирлив. ФИФА во моментов ја води човек кој дозволил да биде заслепен. Инфантино повеќе не знае за граници. Можеби еден ден треба да биде испратен на психијатрија“, изјави Блатер.