Шмајхел жестоко удри по Јунајтед: Ова што му го прават на Карик е крајно непочитување!
Според информациите од Англија, во Манчестер Јунајтед веќе се подготвува сценарио за ангажман на аргентинскиот стратег, кој моментално е селектор на репрезентацијата на САД. Наводно, постои рамка за негово преземање на екипата доколку Кeрик добие отказ.
Ваквиот развој на настаните не му се допаѓа на Шмајхел, кој смета дека Кeрик е неправедно ставен во незавидна позиција и дека одговорноста за кризата во клубот не може да падне само врз тренерот.
„Апсолутно чувствувам сочувство за него. Мислам дека начинот на кој се одвиваат работите е крајно непочитување кон него. Искрено, не мислам дека прави нешто погрешно. Знам дека тимот што го води се наоѓа на позицијата на која се наоѓа на табелата, но не ја префрлам целата одговорност врз него“, изјави данскиот голман.
Според поранешниот голман, проблемите на англискиот гигант се многу подлабоки и траат со години, уште од заминувањето на Сер Алекс Фергусон и извршниот директор Дејвид Гил.
„Во Манчестер Јунајтед се случуваат толку многу работи уште од заминувањето на Сер Алекс и Дејвид Гил, а тие никогаш не беа исправени. Не беа поставени вистинските луѓе на вистинските позиции и ситуацијата постепено стануваше сè полоша“, смета Шмајхел.
Посебно ја критикуваше и трансфер-политиката на клубот. Според него, на Јунајтед му биле неопходни засилувања во одбраната, но раководството не успеало да доведе ниту еден дефанзивец во летниот преоден рок.
„На сите им е јасно дека Манчестер Јунајтед имаше потреба од дефанзивци. Поминаа низ целиот преоден рок без да ангажираат ниту еден играч за одбраната. Не можете да победувате натпревари ако примате 30 гола на 10 средби. Тој проблем воопшто не беше решен“, порача легендата на клубот.
Керик беше назначен за менаџер на Јунајтед на 13 јануари оваа година и успеа да го одведе тимот во Лигата на шампионите. Сепак, новата сезона не почна според очекувањата, тимот од Олд Трафорд има само една победа во Премиер лигата и се наоѓа во зоната за испаѓање.