Флик добива нов дефанзивец: Барселона сака да купи 18-годишен стопер

Барселона веќе ги разгледува опциите за засилување во зимскиот преоден рок, а приоритет на Ханси Флик е да ја подобри одбраната. Сепак, клубот мора да води сметка за финансиските ограничувања и поради тоа покажал интерес за 18-годишен фудбалер од Холандија.

Руд Нијстад е млад стопер кој настапува за Твенте и кој според информациите на шпански „Спорт“ е високо на листата со желби на каталонскиот клуб.

Спортскиот директор Деко и луѓето задолжени за трансферите го гледаат како долгорочна инвестиција.

Сепак, најголемата пречка е отштетата. Твенте наводно бара околу 20 милиони евра за својот млад дефанзивец, сума која Барселона во моментов не е подготвена да ја плати.

Фото: Facebook/FC Barcelona