Арис гази во Еврокупот: Димитријевиќ и соиграчите стигнаа до шестата победа!

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ заедно со Арис стигна до уште еден триумф во Еврокупот, откако вечерва го надиграа Ригас Зели со 105-81.

Грчкиот тим уште во првата четвртина ја покажа својата надмоќ (28-14), а на полувремето имаше предност од убедливи 53-32.

Арис во вториот дел од мечот го забави темпото на игра, а гостите ја искористија ситуацијата да избегнат уште повисок пораз.

Најдобри во победничкиот тим беа Мокока и Морган со по 19 поени, додека Димитријевиќ запиша осум поени, три скокови и пет асистенции. На спортивната страна Перкинс постигна 16 поени, пет скокови и три асистенции.

Арис по седум одиграни меча има шест победи и еден пораз, а се наоѓа на втората позиција во групата А.

Фото: Facebook/ARIS B.C.