Крос: Ѝ се восхитувам на Барселона, но вака никогаш нема да ја освои ЛШ!

Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид, Тони Крос даде интересно интервју во кое направи анализа на играта на шпанскиот шампион Барселона.

Германецот призна дека е воодушевен од играта на тимот на Ханси Флик, но смета дека на таков начин не може да ја освои Лигата на шамиони (ЛШ).

„Навистина ми се допаѓа сегашниот стил на игра на Барселона. Изгледа одлично и е многу атрактивен. Сепак, со начинот на кој играат во моментов, тешко ми е да замислам дека можат да ја освојат Лигата на шампионите. Најголем проблем е тоа што немаат квалитетна одбрана која би им овозможила да играат на ваков начин без проблеми во одбраната“, кажа Крос.