ПСЖ купува ѕвезда на Реал за 200 милиони евра - му нуди плата од соништата!
Според информациите што ги објави турскиот портал „Ајанспорт“, Ѓулер ја одбил понудата на Реал Мадрид за продолжување на договорот, по што ПСЖ се вклучил во трката за неговиот потпис.
Мадридскиот клуб наводно му понудил годишна плата од осум милиони евра и договор до 2031 година.
ПСЖ, според медиумот, е подготвен да плати 200 милиони евра за услугите на турскиот репрезентативец, а на самиот фудбалер му нуди значително подобри финансиски услови.
Фото: Facebook/PSG - Paris Saint-Germain