Дончиќ деветтипат по ред постигна над 30 поени, но ги загрижи сите во Лејкерс (ВИДЕО)
Дончиќ при еден доскок стапна врз ногата на Кајл Кузма и го свитка десниот зглоб. Иако успеа да го реализира дополнителното слободно фрлање, по оваа ситуација го напушти теренот и повеќе не се врати во игра. Словенецот натпреварот го заврши со 32 поени, пет скока, пет асистенции и три украдени топки за 32 минути игра. Погоди 10 од 25 обиди од поле, вклучувајќи пет тројки.
Ова беше негов деветти натпревар во низа со најмалку 30 постигнати поени, што ја потврдува извонредната форма во која се наоѓа. Лејкерси, сепак, имаат причина за загриженост поради повредата, особено со оглед на важноста на Дончиќ за амбициите на тимот.
Првичните информации од таборот на клубот беа охрабрувачки, а тренерот Џеј Џеј Редик посочи дека се работи за полесно истегнување.
Победата против Милвоки беше седма во низа за тимот на Лос Анџелес Лејкерс кој се наоѓа на првото место во Западната конференција.
РЕЗУЛТАТИ
Индијана – Вашингтон 114-101
Њујорк – Кливленд 107-115
Торонто – Бостон 93-98
Чикаго – Сан Антонио 119-124
Мемфис – Денвер 118-123
Милвоки – ЛА Лејкерс 112-123
Њу Орлеанс – Бруклин 111-145
Јута – Орландо 108-123
Хјустон – Голден Стејт 115-108
Портланд – Оклахома 118-108