Унгарија без најголемата ѕвездата во завршницата од Лигата на Нации?

Унгарската репрезентација би можела да биде сериозно ослабена за претстојните натпревари против Грузија и Северна Ирска, откако капитенот Доминик Собослаи заработи повреда на коленото.

Ѕвездата на Ливерпул се повреди на гостувањето кај Кристал Палас, на кое „црвените“ славеа со 3-1 во 10. коло од Премиер лигата. Собослаи не успеа да го заврши натпреварот и мораше предвреме да го напушти теренот.

Од Фудбалската федерација на Унгарија потврдија дека станува збор за истегнување на лигаментите на коленото. Медицинскиот тим ќе направи сè за фудбалерот што побрзо да се врати во натпреварувачки ритам, но неговото присуство на претстојните репрезентативни собири во овој момент е под знак прашалник.

Унгарците на 14 ноември ќе се соочат со Грузија, додека три дена подоцна ги очекува дуелот со Северна Ирска во Лигата на нации.

Евентуалното отсуство на Собослаи би било голем удар за националниот тим, со оглед на неговата важност во играта на селекцијата. Капитенот сезонава има 11 настапи за Ливерпул во сите натпреварувања, со три постигнати гола и една асистенција. За унгарската репрезентација досега одигра 69 натпревари и постигнал 18 погодоци.