Tренерот кој прими девет гола во ЛШ доби отказ!
Раководството на клубот донесе одлука за прекин на соработката по серијата лоши резултати, а пресуден беше историскиот дебакл против Комо во Лигата на шампионите.
Лeнс минатата среда на домашен терен доживеа вистински кошмар, губејќи од италијанскиот тим со неверојатни 1:9. Тоа беше тежок удар за францускиот клуб, кој само неколку дена претходно загуби и од Лил со 0-1 во домашното првенство.
Кахузак имаше можност да ја поправи ситуацијата на неделниот дуел со Марсеј, но Лeнс повторно беше поразен пред своите навивачи, овојпат со 1-2.
По три последователни порази, челниците на клубот решија да реагираат за време на репрезентативната пауза и му врачија отказ на тренерот.