Зидан направи потег каков што Французите не паметат 19 години
Младиот дефанзивец доби повик за натпреварите против Италија и Турција во Лигата на нации, откако поради повреда од комбинација отпадна Пјер Калулу од Јувентус.
Со оваа одлука Франција за првпат по 19 години ќе има репрезентативец кој во моментот на повикот настапува во вториот ранг на некое национално првенство.
🚨Saël Kumbedi is playing for Wolfsburg in Germany’s second division He was just called up to the France squad by Zinedine Zidane https://t.co/ffkELvUim4
— Polymarket Sports (@PolymarketSport) November 9, 2026
Калулу заработи повреда на задната ложа за време на неделното реми меѓу Јувентус и Фиорентина (2-2), па Зидан мораше да пронајде решение за десната бековска позиција. Дополнителен проблем е што на располагање го нема ниту повредениот Жил Кунде. Изборот падна на Кумбеди, кој досега беше дел од репрезентацијата до 21 година.
Кумбеди повикот го добил чекал такси за да замине на собирот на младата репрезентација.
„Се подготвував да заминам во младата репрезентација. Бев дома, чекав такси и тогаш ми заѕвони телефонот. Ми кажаа дека ќе бидам дел од сениорската репрезентација. Бев пресреќен“, раскажа Кумбеди за француските медиуми.
Тој откри и дека Зидан го познава уште од претходно, бидејќи играл заедно со неговиот син Елијаз.
„Сум го среќавал и претходно бидејќи играв со неговиот син Елијаз. Доаѓаше да ни дава совети. Но, сега да тренирам под негово водство е нешто посебно. Не очекував повикот да пристигне толку брзо, но секогаш се подготвував за тој момент. Ова е остварување на сонот, но не и конечната цел. Морам да продолжам да работам и да останам со двете нозе на земја“, порача младиот француски репрезентативец.