Лоши вести од Минхен: Ноер ја заврши годината поради повреда!
Клубот официјално ја потврди повредата, поради која искусниот голман ќе биде надвор од терените во наредниот период. Ноер се повреди на натпреварот против Мајнц и мораше да биде заменет непосредно пред крајот на првото полувреме.
Според информациите на германскиот „Билд“, паузата би можела да трае околу два месеци. Тоа значи дека во најдобро сценарио Нојер би се вратил во јануари, по зимската пауза.