Бецеки со рекорд на патеката до пол-позиција во Катар
Италијанскиот возач беше најбрз во неизвесната борба за пол-позицијата, поставувајќи нов рекорд на патеката со време од 1:50.028 минути. Бецеки беше за 0,266 секунди побрз од лидерот во шампионатот Марк Маркез, за кого ова значи старт од втората позиција. Ова е петта пол-позиција за возачот на Априлија во актуелната сезона.
Од третото место ќе стартува Фабио Ди Џанантонио, додека Хорхе Мартин имаше квалификации за заборав и ќе мора да тргне дури од 11. позиција.
Катарскиот викенд може да биде одлучувачки за Марк Маркез, кој има можност да стигне до својата осма светска титула. Сепак, за да го направи тоа, шпанскиот ас ќе мора да освои 30 бода повеќе од Мартин и осум повеќе од Бецеки во текот на тркачкиот викенд.