Македонец е тренер на колото во Турција!
Станува збор за традиционален избор на најдобрите поединци во колото. За Ристоски ова е особено значајно признание, со оглед на тоа што ја има својата прва тренерска авантура на турско тло, каде што го предводи Истанбул Беледиеспор.
Неговиот тим досега забележа две победи во првите четири кола. ИББ Спор славеше против Сунгурлу со 3-1 и Султабејли со 3-2, додека загуби од Истанбул Генчик со 2-3 и од Фенербахче со 1-3. Со овие резултати се наоѓа на седмото место на табелата во Суперлигата.
Пред Ристоски и неговите избраници сега е нов голем предизвик. Во следното коло ќе се соочат со Зират Банк, минатогодишниот учесник на завршниот турнир во ЦЕВ Лигата на шампионите, кој воедно е и актуелен лидер во турското првенство.
