Јокиќ со трипл-дабл, Дончиќ броеше до 40, Вембанјама до 52! (ВИДЕО)
Никола Јокиќ и Лука Дончиќ имаа вечери за паметење во НБА-лигата, предводејќи ги своите екипи до нови победи, во ноќ исполнета со одлични индивидуални настапи и возбудливи завршници.
Српскиот центар повторно покажа зошто е еден од најдобрите кошаркари на денешницата. Јокиќ забележа нов трипл-дабл со 32 поена, 11 скока и 10 асистенции, а Денвер убедливо го совлада Торонто со 128-109. Српскиот ас одигра одлично второ полувреме, во кое Нагетс ја направија клучната разлика. По првите две четвртини гостите имаа предност од 67-64, но Денвер во третиот период постигна дури 41 поен, а прими само 15, со што го реши прашањето на победникот. На спротивната страна, Ри Џеј Барет беше најефикасен кај Торонто со 22 поена. Џамал Мареј додаде 14 поени за Денвер, а Арон Гордон заврши со 17.
Ништо помалку импресивен не беше ниту Лука Дончиќ. Словенечкиот ас постигна 40 поени, на кои придодаде девет скока и седум асистенции, во победата на Лос Анџелес Лејкерс над Сакраменто со 116-103. Дончиќ беше главниот двигател на нападот на „езерџиите“, кои ја оправдаа фаворитската улога и стигнаа до нов триумф.
Вечерта ја одбележа и Виктор Вембанјама, кој со неверојатни 52 поена, 24 скока и осум блокади го предводеше Сан Антонио до драматична победа над Далас од 112-111. Французинот постави лични рекорди во поени и скокови, а победничкото слободно фрлање го постигна на 24,2 секунди до крајот. Кајри Ирвинг имаше последна можност да му донесе триумф на Далас, но не погоди во последниот напад.
Од останатите натпревари, Њујорк беше убедлив против Чикаго со 135-105, додека Оклахома Сити славеше на гостувањето кај Кливленд со 124-116. Бруклин го совлада Шарлот со 114-104, а во најнеизвесниот дуел од вечерта, Мајами по продолжение го совлада Лос Анџелес Клиперс со 117-116.
РЕЗУЛТАТИ
Детроит – Филаделфија 106-112
Вашингтон – Атланта 105-120
Бостон – Милвоки 109-102
Бруклин – Шарлот 114-104
Њујорк – Чикаго 135-105
Мемфис – Индијана 103-107
Њу Орлеанс – Јута 120-113
Оклахома Сити – Кливленд 124-116
Хјустон – Минесота 107-117
Денвер – Торонто 128-109
Феникс – Портланд 119-132
Сан Антонио – Далас 112-111
Сакраменто – Лос Анџелес Лејкерс 103-116
Лос Анџелес Клиперс – Мајами 116-117