Петковски: Ги исполнивме задачите на селекторот, со Грција ќе биде поинаков натпревар
Петковси средбата ја заврши со пет постигнати гола од исто толку обиди.
„Среќен сум што одигравме според договореното и ги исполнивме задачите на селекторот. Сега имаме време мирно да се подготвиме за мечот во Грција. Сигурно дека тој ќе биде поинаков натпревар од овој со Луксембург. Грците се добра репрезентација, го покажа тоа во минатите квалификации. Наше е да одиграме на високо ниво и секако да се радуваме на победа.“, изјави Петковски.
Избраниците на Лазаров немаат многу време за одмор бидејќи веќе за три дена ги очекува дуелот со Грција на гостински терен.