Алкараз со променет имиџ не дозволи уште едно изненадување во Париз

Карлос Алкараз се пласираше во третото коло на последниот Мастерс-турнир во сезоната, откако во два сета го совлада Американецот Алекс Микелсен со 7-6(4), 6-3.

Шпанскиот тенисер успешно го мина второто коло во Париз, во ден исполнет со изненадувања, и не дозволи и самиот да биде една од жртвите на фаворитите. Ова беше негов прв настап откако го промени имиџот и ги избричи мустаќите кои го красeа во изминатите неколку месеци.

Интересно е што Алкараз продолжува со совршениот учинок против помладите тенисери. Ова беше негов 16. дуел против ривал помлад од него и ја забележа исто толку победа, со што неговиот скор во овие пресметки сега е 16-0.

Сепак, Шпанецот мораше добро да се помачи за да го скрши отпорот на Микелсен. Во првиот сет пропушти брејк-предност, а во тај-брејкот Американецот поведе со 4-1. Алкараз потоа одговори на шампионски начин, освои шест поени по ред и го реши сетот во своја корист.

Во вториот сет Микелсен имаше можност да направи брејк при резултат 3-3, но не ја искористи шансата. Тоа веднаш му се одби од глава, бидејќи Алкарас возврати со брејк, а потоа сигурно го одработи својот сервис за конечна победа.

Следен противник на Шпанецот ќе биде Италијанецот Матео Беретини, кој претходно го совлада Уго Умбер со 7-6, 7-5.